• среда, 14 јануари 2026

Николоски: За одредени политички структури во Бугарија, ние сме секогаш тема за привлекување гласачи, но со тоа само се заоструваат односите

Николоски: За одредени политички структури во Бугарија, ние сме секогаш тема за привлекување гласачи, но со тоа само се заоструваат односите

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - За одредени политички структури во Бугарија, Македонија е секогаш интересна тема за привлекување на гласачи, но отварајќи дебата за Македонија, само ги заоструваат односите, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по прозивките од Софија за последниот инцидент со кршењето на стаклото на влезната врата од Бугарската амбасада во Скопје.

Николоски во централниот дневник на телевизија „Сител“ прашан за односите со Бугарија, рече дека како Влада немале среќа во Бугарија подолг период да има политичка стабилност.

- Оваа влада што сега падна беше најдолговечната - издржа цели 11 месеци и во тие месеци успеавме да се договориме за Коридорот 8 на што сум особено горд. Сега влегуваат повторно во избори, во кампања и за одредени политички структури таму, Македнија секогаш е интересна тема за привлекување гласачи, но мислам дека грешат од причина што секои следни избори излезноста е пониска што значи дека оваа тема не е онаа што ја очекуваат граѓаните. Причината зошто оваа влада падна е зголемувањето на даноците за пензии и дивиденди, што значи дека граѓаните реагираат на економијата и на буџетот, а не на односите со Македонија. Отворајќи дебата за Македонија само ги заоструваат односите, рече Николоски.

Го осуди последниот инцидент со кршењето на стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада и задоволен е што МВР брзо и ефикасно го има решено случајот.

Во однос на прашањето за мигрантите, Николски со став дека времето ја демантирало оваа теза односно дека нема ниту М од мигранти.

- Оваа теза првпат излезе кога се случи првата средба меѓу премиерот Мицкоски и премиерот Стармер. Тоа беше во мај, сега сме јануари, М од мигрант нема. Се обидоа СДСМ да ја рециклираат темата во ноември. Нема таква работа. Но, тука има една многу сериозна работа - без разлика кој колку сака да си ја задржи фотелјата во политичката партија и колку една политичка партија е слаба во одреден момент, не смее да се удира во темелите на државноста. Во момнентов, имаме сериозни три партнери - САД, Велика Британија и Европската унија. Удирањето по овие три партнери ги удира темелите на Македонија, а имавме скоро удар по првиот и вториот партнер. Интелектуалци многу блиски до СДСМ сериозно удираа по претседателот Трамп и САД, а лично престседателот на СДСМ удри во Велика Британија. Кој за него е алтернатива - Северна Кореја, Русија, Кина?, праша Николоски. бак/са/

Фото: принтксрин

Остани поврзан