• сабота, 22 февруари 2025

Нетанјаху се закани со прекин на примирјето ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници

Нетанјаху се закани со прекин на примирјето ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници

Тел Авив, 11 февруари 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска се закани дека ќе ги обнови нападите врз Појасот Газа ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници.

Но, Нетанјаху не прецизираше колку заложници треба да бидат ослободени.

Претходно и претседателот на САД, Доналд Трамп упати ултиматум до Хамас, истакнувајќи оти ако в сабота не бидат ослободени сите заложници „ќе биде пекол“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан