• петок, 21 февруари 2025

Нетанјаху најави дека продолжува размената на заложници и затвореници

Нетанјаху најави дека продолжува размената на заложници и затвореници

Кан Јунис, 30 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека посредниците обезбедиле безбеден излез за заложниците од Газа, откако претходно денеска го запре ослободувањето на палестинските затвореници.

Израелските медиуми објавија дека ослободувањето на Палестинците ќе се случи подоцна денеска.

Нетанјаху побара посредниците да интервенираат откако маскирани милитанти водеа некои заложници низ голема толпа денес која ги понижуваше и им се закануваше.

Милитантите предводени од Хамас денеска ослободија осум заложници, а се очекува Израел да ослободи уште 110 палестински затвореници.

Размената на заложниците и заробениците беше договорена како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан