• сабота, 22 февруари 2025

Нетанјаху му честиташе на Трамп:„Најдобрите денови допрва доаѓаат“

Нетанјаху му честиташе на Трамп:„Најдобрите денови допрва доаѓаат“

Тел Авив, 20 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата втора инаугурација, велејќи во видео изјава дека „најдобрите денови на нашиот сојуз допрва доаѓаат“.

- Вашиот прв мандат како претседател беше исполнет со револуционерни моменти, рече Нетанјаху, наведувајќи некои од клучните чекори што Трамп ги презеде за време на неговото прво претседателствување, вклучително и потпишувањето на Абрахамскиот договор со кој се нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

- Се повлековте од опасниот ирански нуклеарен договор, го признавте Ерусалим како главен град на Израел, ја преместивте американската амбасада во Ерусалим и го признавте суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, рече тој.

- Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион, рече Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, му се заблагодари на Трамп за неговата помош во посредувањето за договорот со Хамас за прекин на огнот и за заложниците. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан