• петок, 21 февруари 2025

Нетанјаху испраќа делегација во Доха на преговори со Хамас

Нетанјаху испраќа делегација во Доха на преговори со Хамас

Ерусалим, 8 февруари 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека испраќа делегација во главниот град на Катар, Доха, на преговори за продолжување на примирјето со Хамас, што е во сила од 19 јануари.

Тој испраќа делегација по денешната, уште една размена на израелски заложници за Палестинци.

Нетанјаху, по враќање од САД, планира утре да одржи состанок на безбедносниот кабинет за продолжување на примирјето со Хамас.

Катар е главниот посредник во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, чија прва фаза треба да биде завршена на 1 март. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан