• сабота, 22 февруари 2025

Нетанјаху вети дека сите заложници ќе бидат вратени дома

Нетанјаху вети дека сите заложници ќе бидат вратени дома

Тел Авив, 20 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху трите ослободени жени, кои беа заложнички на Хамас, ги нарече „херои на Израел“ и најави дела сите заложници ќе бидат вратени дома.

Роми, Дорон и Емили – целата нација ве прегрнува, со честитки за вашето враќање. Овој момент беше постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел. Ветувам: сите ќе ги вратиме дома, напиша Нетанјаху на Икс.

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници синоќа се сретнаа со нивните семејства во болницата Тел Хашомер во градот Рамат Ган, во близина на Тел Авив.

Хамас ги ослободи Роми Гонен (24), Емили Дамари (28) и Дорон Штајнбречер (31) како дел од договорот за прекин на огнот со Израел, што стапи во сила вчера, во замена за 90 палестински осуденици, што Израел ги ослободија од затвор. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан