• сабота, 21 февруари 2026

Неексплодирана граната најдена покрај нива во Кочанско

Неексплодирана граната најдена покрај нива во Кочанско

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Жител на кочанско село вчера во СВР Штип пријавил дека пронашол неексплодирана граната покрај нива.

- Ѓ. Ј.( 54) од село Бели, Кочанско, вчера, во 8.59 часот, во СВР Штип пријави дека кај крстосницата за село Нивичани, Кочанско, покрај нива пронашол неексплодирана граната. Увид е извршен, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата - соопшти МВР.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан