• петок, 05 декември 2025

Најмалку седум луѓе загинаа при експлозија во полициска станица во Кашмир

Најмалку седум луѓе загинаа при експлозија во полициска станица во Кашмир

Њу Делхи, 15 ноември 2025 (МИА) – Најмалку седум лица синоќа загинаа, а 27 други се повредени по детонацијата на конфискувани експлозиви во полициска станица во индиски дел на Кашмир.

Поголемиот број од загинатите се полицајци и форензичари, кои ги испитувале експлозивите складирани во полициската станица.

Можно е зголемување на бројот на жртвите со оглед на тоа што петмина од повредените се во критична состојба

Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан