• сабота, 21 февруари 2026

Најмалку десетмина го загубија животот во свлечиште во Индонезија, 89 се водат како исчезнати

Најмалку десетмина го загубија животот во свлечиште во Индонезија, 89 се водат како исчезнати

Џакарта, 24 јануари 2026 (МИА) - Најмалку десет лица го загубија животот, а 89 се водат како исчезнати во свлечиште во покраината Западна Јава во Индонезија, соопшти денеска Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи.

Портпаролот на агенцијата, Абдул Мухари изјави дека свлечиштето е предизвикано во регионот Западен Бандунг во покраината Западна Јава во Индонезија по обилните дождови.

Мухари најави дека денеска ќе биде интензивирана операцијата за пребарување и спасување. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан