Најмалку две лица загинаа при руските напади врз Украина
- Во синоќешните руски напади со дронови и проектил врз Украина загинаа две лица, а четворица се повредени, соопштија украинските власти
Киев, 28 јануари 2026 (МИА) – Во синоќешните руски напади со дронови и проектил врз Украина загинаа две лица, а четворица се повредени, соопштија украинските власти.
Маж и жена се убиени во Киевската област, а четворица, од кои две деца побараа лекарска помош, објави гувернерот Микола Калашник на платформата Телеграм.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека Русија синоќа лансирала и балистичка ракета Искендер-М и 146 беспилотни летала, од кои 103 се уништени од украинската противвоздушна одбрана.
Во главниот град на Украина, Киев погодена е станбена зграда од 17 катови, при што е оштетен кровот.
Одеса втора вечер по ред е под руски напад, при што е оштетена пристанишната инфраструктура.
Русија изврши напади и врз Запорожје, при што четири лица се повредени, а оштетени се најмалку 12 станбени згради. ми/сд/
фото: ДПА