Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
- Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус

Белград, 28 јануари 2025 (МИА) – Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.
Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена.
На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.
Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници. ми/
фото: Икс