• сабота, 22 февруари 2025

Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во северна Нигерија

Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во северна Нигерија

Абуџа, 5 февруари 2025 (МИА) – Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во северната нигериска држава Замфара, соопшти денеска портпаролот на полицијата Јазид Абубакар.

Во пожарот што избувнал синоќа загинаа ученици во исламско училиште во градот Кауран Намода во државата Замфара, на возраст меѓу седум и 17 години, додека 12 се пренесени во болница со сериозни изгореници, соопшти полицијата.

Абубакар рече дека истрагата е во тек за да се утврди причината за пожарот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан