Најмалку 15 луѓе загинаа при потонување на ферибот на Филипини
- Ферибот со повеќе од 350 луѓе потона во јужниот дел на Филипини, а спасувачите извлекле 316 луѓе и 15 безживотни тела
Манила, 26 јануари 2026 (МИА) – Ферибот со повеќе од 350 луѓе потона во јужниот дел на Филипини, а спасувачите извлекле 316 луѓе и 15 безживотни тела.
Фериботот „Триша Керстин 3“ испловил од градот Замбоанга за јужниот остров Холо во провинцијата Сулу со 332 патници и 27 членови на екипажот, а потона на околу два километра од брегот.
Во спасувачката мисија вклучени се бродови на крајбрежната стража, воената морнарица, авион за набљудување, хеликоптер, како и рибарски чамци.
Поморските несреќи се релативно чести на Филипините поради честите бури, лошо одржуваните бродови, преоптоварувањето и лошото спроведување на прописите. Во декември 1987 година, фериботот „Доња Паз“ потона откако се судри со танкер на Филипините, при што загинаа повеќе од 4.300 луѓе. Тоа е најголемата мирновременска поморска несреќа во историјата. ми/сд/
фото: МИА архива