Најмалку 13 патници загинаа во автобуска несреќа во централен Иран
- Причината за несреќата сè уште не е официјално утврдена, но властите веруваат дека возачот можеби заспал на воланот и ја изгубил контролата врз возилото.
Техеран, 16 декември 2025 (МИА) - Најмалку 13 патници загинаа, а 13 други се повредени во автобуска несреќа до која дојде доцна синоќа во централен Иран, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.
Повредените се однесени во блиските болници, пренесе државната агенција ИРНА.
Несреќата се случила во близина на Натанц, додека автобусот патувал од градот Исфахан.
Причината за несреќата сè уште не е официјално утврдена, но властите веруваат дека возачот можеби заспал на воланот и ја изгубил контролата врз возилото.
Канцеларијата на гувернерот на Исфахан соопшти дека ќе започне интензивна истрага откако сите патници ќе добијат медицинска помош.
Во сообраќајни несреќи секоја година во Иран гинат околу 20.000 лица. Полицијата за ваквата состојба вината ја посочува кај старите и небезбедни возила, лошото почитување на сообраќајните прописи и пребрзото возење, потсетува ДПА.сд/мс/
фото: ЕПА