• сабота, 16 мај 2026

Националниот џез оркестар и Општина Кисела Вода со „Џез за деца“ го отвораат јубилејниот фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ - VOL.10”

Националниот џез оркестар и Општина Кисела Вода со „Џез за деца“ го отвораат јубилејниот фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ - VOL.10”

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода денеска го започнува големиот десетгодишен јубилеј на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, а првиот фестивалски ден е посветен на најмладите и ќе се реализира во паркот „Фредерик Шопен“, во Кисела Вода со почеток во 12:00 часот.

Настанот насловен „JAZZ FOR KIDS“, како што соопшти Општината,претставува едукативна и интерактивна работилница преку која учениците од локалните основни училишта и сите заинтересирани дечиња ќе имаат можност да се запознаат со џез музиката. Преку интеракција и импровизација, најмладите ќе можат го откријат светот на џезот, како уметничка форма која UNESCO ја препознава како моќен симбол на слободата, дијалогот и заедништвото. 

-Општина Кисела Вода, како домаќин и соработник, со гордост го поддржува овој настан кој го става фокусот на културната наобразба на новите генерации, вклучувајќи го Скопје во глобалната мрежа од над 190 земји кои го слават овој музички правец. Работилницата е од отворен карактер и влезот е бесплатен за сите посетители. Ги покануваме децата да ни се придружат во паркот „Шопен“ на оваа уникатна музичка дружба, се вели во соопштението. ац/лв/

Фото: Општина Кисела

Остани поврзан