• понеделник, 08 јуни 2026

Новата сезона во Хераклеја почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија

Новата сезона во Хераклеја почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија

Битола, 15 мај 2026 (МИА) - Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија - потврдија за МИА од НУ Завод и Музеј - Битола.

Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври - април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста.

Туристите најголем интерес покажуваат за мозаиците Голема Базилика, Мала Базилика и други, кои се на површина од речиси 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ Завод и Музеј - Битола, институтција во чија надлежност е Хераклеја Линкестис, локалитет кој минатата година го посетија над 23.000 туристи од Полска, Франција, Италија, Германија, Чешка..., како и од сите држави на Балканот. мт/дма/

 

Фото: МИА