• сабота, 16 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.  

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода.

Во Општина Студеничани, од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе биде цело село Морани и викенд населба Морани. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан