Јавна дебата за законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите
- Во организација на Министерството за јавна администрација денеска во Скопје ќе се одржи јавна дебата на тема „Закон за високи раководители на органите на државната управа и фондовите“.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Во организација на Министерството за јавна администрација денеска во Скопје ќе се одржи јавна дебата на тема „Закон за високи раководители на органите на државната управа и фондовите“.
Целта на јавната дебата е да се отвори стручна и инклузивна дискусија за предложените законски решенија, со учество на претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), Неда Малеска-Сачмароска. дма/са/
Фото: принтскрин