• петок, 05 декември 2025

Четврта годишна конференција за здравство во организација на АмЧам

Четврта годишна конференција за здравство во организација на АмЧам

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) – Под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, денеска во Скопје ќе се одржи Четвртата годишна конференција за здравство, организирана од Американската стопанска комора во Северна Македонија - АмЧам.

Конференцијата, според организаторите, ќе обедини претставници од институциите, здравствената индустрија, академската заедница и пациентските организации, со цел да се идентификуваат практични решенија за поефикасен, модерен и одржлив здравствен систем.

Меѓу говорниците се очекува учество на министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) Сабри Алити, директорот на Дирекцијата за е-здравство Фикрет Шабани, како и меѓународниот експерт д-р Пракаш Џеј од Универзитетот на Тексас во Остин, САД. бк/са/

фото: АМЧАМ

 

Остани поврзан