Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
- Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница, на чиј дневен ред се преостанати уште седум точки за разгледување.
Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница, на чиј дневен ред се преостанати уште седум точки за разгледување.
Пред пратениците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на добивка, и двата во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.
На дневен ред на седницата по скратена постапка се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки. фф/нд/
Фото: МИА Архива