Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на ВИ, брифинг со новинарите и седница на земјоделската комисија
- Во Собранието денес се одржуваат повеќе активности и собраниски работни тела. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинрите, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во прво читање, ќе го разгледаат предлогог-законот за органско земјоделско производство.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска се одржуваат повеќе активности и собраниски работни тела. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинрите, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во прво читање, ќе го разгледаат предлог-законот за органско земјоделско производство.
Во собраниската сала „Борис Трајковски“, пак, ќе се одржи јавната расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачката интелигенција во јавниот сектор“. На расправата, како што соопшти собраниската служба за информирање, воведни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и главниот државен ревизор, Максим Ацевски. бк/ац/