• четврток, 26 март 2026

Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје

Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, филмот е создаден како резултат на креативна соработка помеѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите.

Филмот е реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација.ар/са/

Фото:МИА архива 

 

Остани поврзан