Презентација на програмата на кипарското претседателство со Советот на ЕУ пред собраниската Комисија за евроинтеграции
- Пред членовите на собраниската Комисија за евроинтеграции денеска во Собранието ќе се одржи презентација на програмата и приоритетите за работата на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари - јуни 2026 година, која ќе биде претставена од амбасадорот на Република Кипар во Република Северна Македонија, Андреас Фотиу.
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Пред членовите на собраниската Комисија за евроинтеграции денеска во Собранието ќе се одржи презентација на програмата и приоритетите за работата на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари - јуни 2026 година, која ќе биде претставена од амбасадорот на Република Кипар во Република Северна Македонија, Андреас Фотиу.
Седницата ќе се одржи заедно со Националниот совет за евроинтеграции, а на неа се поканети и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ - ЕУ. бк/ац/
Фото: МИА