• петок, 05 декември 2025

Потпишување договор за проект со Амбасадата на Јапонија

Потпишување договор за проект со Амбасадата на Јапонија

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) -  Јапонската амбасадорка во земјава Сецуко Кавахара денеска во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје, ќе потпише нов договор за грант во склоп на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од 75.254 евра.

Како што најавија од Амбасадата на Јапонија, на церемонијата ќе биде потпишан договор за „Проект за обезбедување на возило за управување со отпад за Општина Чучер Сандево“. дма/нд

Фото: МИА архива

Остани поврзан