Отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска напладне ќе се обрати на официјалното отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, во просториите на Титан-Усје.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска напладне ќе се обрати на официјалното отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, во просториите на Титан-Усје.
Како што соопштија од Министерството за образование и наука, со проектот што ќе биде презентиран во просториите на Титан-Усје, во Скопје, ќе бидат опфатени сите основни училишта од Општина Кисела Вода, а учениците ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини од СТЕМ (математика, технологија, инженерство и техника) науките. вг/са/
Фото: МИА Архива