• петок, 15 мај 2026

Одбележување на Меѓународниот ден на семејството

Одбележување на Меѓународниот ден на семејството

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Институтот за семејни студии и Факултетското студентско собрание при Филозофскиот факултет - Скопје денеска ќе го одбележат Меѓународниот ден на семејството преку низа активности посветени на семејството, заедништвото и семејната резилиентност.

Во рамките на настанот ќе се одржат две работилници - „Јас и моето семејство“ со ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и Француското интернационално училиште ЕФИС и „Резилиентност во семејството“ со студенти и во соработка на групацијата „Алтернатива“. Ќе биде промовиран и новиот број на студентското списание VOX.

- Преку овие активности сакаме да ја потенцираме важноста на семејството како основа на поддршката, припадноста и психосоцијалниот развој на поединецот - велат организаторите. бак/ац/

Фото: Институт за семејни студии

Остани поврзан