Настан по повод 3 Декември — Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во фокусот
- Настанот има за цел да отвори директна дискусија со лица со попреченост, нивните семејства и организациите, со фокус на пристапот до услуги, предизвиците и потребите за подобрување на локалните политики.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - По повод 3 Декември — Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во организација на Народниот правобранител, а во соработка Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), денеска ќе се одржи настан „Запознавање со обврските од Конвенцијата за унапредување на правата на лицата со попреченост и улогата на Народниот правобранител”.
Настанот ќе се одржи во Центарот за социјални претпријатија во Скопје, зад Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Во рамки на настанот изјави за медиуми ќе дадат државниот советник кај Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа и програмската раководителка во ХЕРА, Весна Матевска.
Настанот има за цел да отвори директна дискусија со лица со попреченост, нивните семејства и организациите, со фокус на пристапот до услуги, предизвиците и потребите за подобрување на локалните политики. дма/са/
Фото: МИА архива