• петок, 15 мај 2026

Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“

Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија денеска во Скопје ќе се одржи македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“.

Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјата, Денион Мејдани, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на Унијата на стопанските комори на Албанија, Инес Мучостепа.

Бизнис-форумот, како што информираат од  Стопанската комора на Северна Македонија, ќе обедини претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји и ќе претставува платформа за зајакнување на економската соработка, воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства и разгледување конкретни можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес.

Во рамките на програмата ќе бидат организирани структурирани Б2Б и Б2Г-деловни средби меѓу компании од Македонија и компании и институции од Албанија, со цел директно поврзување на деловните субјекти во согласност со нивните интереси и потенцијали за соработка. дма/бк/

Фото: Стопанска комора на Северна Македонија

 

 

Остани поврзан