• сабота, 22 февруари 2025

Концерт на пијанистката Анастасија Кочева

Концерт на пијанистката Анастасија Кочева

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар вечер од 20 часот концерт ќе одржи пијанистката Анастасија Кочева, наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.  На програмата се „Три композици за пијано“ на Франц Шуберт и „Огледала“ на Морис Равел.

Анастасија Кочева (1997) дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на д-р Ана Гацева, каде што и магистрирала. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.

Покрај на класичната, таа е активна и на алтернативната и независна музичка сцена, создавајќи авторска електронска музика и со учество во различни импровизациски формации.

Минатата година Кочева го објави нејзиниот деби албум насловен „Тар“, во издание на „Стотројка“ - издавачка куќа зад која стои независното радио „Канал 103“. хс/са/ 

Фото: КИЦ-Скопје 

 

 

Остани поврзан