• петок, 20 февруари 2026

Концерт на Националниот џез-оркестар и Renato Chicco

Концерт на Националниот џез-оркестар и Renato Chicco

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Националниот џез-оркестар, вечерва, во Македонската опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, First Encounter - Organ & Big Band- - проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.

Специјален гостин на вечерта е 𝐀𝐧𝐝𝐲 𝐖𝐚𝐭𝐬𝐨𝐧 (Њујорк) - тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли, како 𝑉𝑎𝑛𝑔𝑢𝑎𝑟𝑑 𝐽𝑎𝑧𝑧 𝑂𝑟𝑐ℎ𝑒𝑠𝑡𝑟𝑎 и 𝑇𝑜𝑠ℎ𝑖𝑘𝑜 𝐴𝑘𝑖𝑦𝑜𝑠ℎ𝑖 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.

Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 90-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Chicco дејствувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција настапувајќи и во култни џез-клубови, како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и 𝐵𝑖𝑟𝑑𝑙𝑎𝑛𝑑. Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите - инструмент што во проектот 𝑂𝑟𝑔𝑎𝑛 & 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑 е поставен во центарот на оркестарскиот израз.

Како што информира Националниот џез-оркестар, денеска, еден час пред почетокот на концертот, на билетарницата на МОБ ќе бидат достапни билети со 50 % попуст за студенти и пензионери, кои ќе треба да приложат соодветен документ. мч/ац/

фото: Национален џез оркестар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан