„Кавалерија рустикана“ во Националната опера и балет
- Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, под диригентство на Иван Еминовиќ и во режија на Џандоменико Вакари од Италија.

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, под диригентство на Иван Еминовиќ и во режија на Џандоменико Вакари од Италија.
Настапуваат: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Марјан Јованоски како Алфио, Марија Наумовска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.
Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Националната опера и балет во најавата посочува дека „Кавалерија рустикана“ е „трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата“.
-„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Оваа опера е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа, соопшти НОБ. хс/са/
Фото: Национална опера и балет