Дебата „Иднината на медијацијата во РС Македонија: трендови и предизвици“
- Националниот совет за медијација на Република Северна Македонија денеска организира настан „Иднината на медијацијата во РС Македонија: трендови и предизвици“.
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Националниот совет за медијација на Република Северна Македонија денеска организира настан „Иднината на медијацијата во РС Македонија: трендови и предизвици“.
На настанот воведно обраќање ќе имаат националниот координатор за медијација, Љупчо Сотироски, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан.
Дополнително, како панелисти говорници ќе учествувцаат и Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на РСМ,
Ирина Трајкоска Стрезоски, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Џемали Саити, судија во Врховен суд на РСМ, проф. д-р Ангел Ристов, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Миљазим Мустафа, лиценциран медијатор. сст/са/
Фото МИА архива