Доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година
- Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе се одржи доделување на традиционалните годишни награди за 2024 година.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе се одржи доделување на традиционалните годишни награди за 2024 година.
Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело е Жарко Кујунџиски за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“, а добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка е Иван Џепароски за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“.
Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади ќе ја добие Иван Антоновски за книгата „Бакнежи на небото“ од во издание на „Светулка“.
Добитник на четвртата награда „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика е Наташа Аврамовска за „Книжевни паметници“, во издание на Институтот за македонска литература, додека добитник на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија е Гордана Јовиќ Стојковска за делото „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“), во издание на „Слово љубве“.
Со овој настан, Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето постоење.бт/
Фото: МИА Архива