• четврток, 25 декември 2025

Без вода делови од „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“

Без вода делови од „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“

Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат корисниците на потегот од  улицата „Наум Наумовски Борче“ бр.63 во Општина Центар.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр.63.

Без водоснабдување денеска од 09:00 часот ќе бидат коисниците од зградите 10,12 и 14 на ул.„Октомвриска Револуција“ и дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот од 2Никола Тесла“ до „Октомвриска Револуција“), поради промена на вентил ф-2“ на крстосницата ул.„Октомвриска Револуција“, бул.„Партизански Одреди“.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан