• петок, 21 февруари 2025

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Вашингтон, 8 февруари 2025 (МИА) - Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2.200 вработени во УСАИД.

Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД.

Во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, чиј сопственик е самиот Маск, тој напиша дека „оваа зграда сега е окупирана од Царинската и погранична служба“ на САД.

Активностите се дел од радикалната реструктуризација на владата, одобрена од Трамп, за кратење на федералните работни места и на трошоците за функционирање на американската влада. кб/

 

Остани поврзан