• петок, 05 декември 2025

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 25 метри има на патниот правец од село Гајре – Попова Шапка и од 50 – 70 метри на планинскиот превој Стража.

Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. мд/са/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан