• вторник, 17 март 2026

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Собранието денеска треба да ја одржи 89. седница.

На дневен ред на седницата се предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог-одлуките за објавување јавен оглас за именување член и претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог-одлуката за објавување јавен оглас за именување директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и предлог-одлуките за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.
 
Во рамките на оваа седница пратениците треба да расправаат по предлог-законот за изменување на Законот за ветеринарното здравство, предлог-законот за изменување на Законот за идентификација и регистрација на животните, предлог-законот за изменување на Законот за пратениците, како и предлог-закон за изменување на Законот за платата и други надоместоци на избрани и именувани лица, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и предлог-законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, предлог-законот за изменување на Законот за платите на судиите, предлог-законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и предлог-законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, сите по скратена постапка. сст/лв/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан