• сабота, 22 февруари 2025

На македонски објавен романот за деца и млади „Олгица и операцијата јагуар“ од романскиот писател Алекс Молдован

На македонски објавен романот за деца и млади „Олгица и операцијата јагуар“ од романскиот писател Алекс Молдован

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Во издание на „Бата прес“, излезе од печат романот за деца и млади „Олгица и операцијата јагуар“ од романскиот писател Алекс Молдован. Делото од романски на македонски јазик го преведе Ермис Лафазановски, а илустрациите се на романскиот уметник Јожеф Вас. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој, книгоиздателството „Бата прес“ објавува 15 книги за деца и млади од 15 европски автори.

По романот „Олгица и дедото милионер“, ова е втора книга од Алекс Молдован со истоимениот главен лик, објавена на македонски јазик.

Авантурите на Олгица продолжуваат и во оваа книга, но сега со нови ликови и нови предизвици.

Писателот Алек Молдован е роден 1977 година во Клуж - Романија, каде што и сега живее. Вљубеник е во литературата за деца, џезот и е доброволец во друштвото за заштита на животните. Завршил филозофија, превел над триесет книги и работел како книжар. После долги години повторно ја почувствувал потребата да пишува и основал свој блог. Го нарекол Жолтиот велосипед. „Олгица и операцијата јагуар“ е неговиот втор роман.

Илустраторот Јожеф Вас е познат уметник и дизајнер кој исто така живее во Клуж. Лиценца за графика и дизајн добил од Православниот универзитет Партиум од градот Орадеа. Тој почнал да се занимава со илустрации уште од факултетски клупи, кога бил охрабрен од неговите професори и колеги да се насочи кон оваа гранка на визуелните уметности.са/

Фото: Бата прес

Остани поврзан