• петок, 02 јануари 2026
На денешен ден

2 јануари 2026 (МИА)

 

1799.- Трупите на францускиот генерал Наполеон Бонапарта влегле во Сирија.

1837.- Роден е рускиот композитор, пијанист и диригент Милиј Алексиевич Балакирјев, поттикнувач и идеен водач на композиторската група која е наречена Балакирјев кружок или „Големата петорка“. Во групата членувале Цезар Кјуј, Модест Мусоргски, Николај Римски - Корсаков и Александар Бородин. Дела: симфониските поеми „Русија“, „Тамара“„, музика за „Кралот Лир“, клавирски композиции, вклучувајќи ја и фантазија „Исламеј“.

1939.- Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината.

1903.-Солунскиот конгрес (или Јануарски конгрес), како општ конгрес на ТМОРО, се одржал во Солун меѓу 2. и 4 јануари 1903 година, отворајќи нова судбоносна страница во историјата на македонскиот народ - прелиминарната одлука за кревање на Илинденското востание. Под влијание на последиците од тн. Горноџумајско востание, како провокација на ВМК од 1902., заканите за ново слично исфорсирано „локално“ востание, како и многуте афери и провали против видни членови на Организацијата, и поради раздвиженоста на дипломатијата во врска со реформите во Македонија, уште кон крајот на 1902 година ЦК ТМОРО го отворил прашањето за востание што ќе ја опфати цела Македонија. Значењето на Солунскиот конгрес е во тоа што го покренал и насочил основното прашање за сеопшто востание, коешто Oрганизацијата уште од почетокот си го поставила како цел.

1905.- Русија по поразот во руско-јапонската војна била принудена на Јапонија да и го отстапи пристанишниот град Порт Артур, на манџурскиот брег.

1905.- Над селото Кнежево, Kратовско, почнал Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО што траел до 7-ми јануари истата година.

1920.- Роден е американскиот писател и професор по биохемија Исак Асимов, пишувач на научно-фантастична проза. Научно-популарни дела: „Хемикалиите на животот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Наука, броевите и јас“. Книжевни дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“.

1946.- Македонските политички затвореници од затворот "Касандра" во Грција, упатиле апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: "Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...".

1959.- Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советската „Луна I“ без човечки екипаж.

1971.- Во текот на фудбалскиот натпревар помеѓу Селтик и Ренџерс, во шкотскиот град Глазгов се урнал дел од трибина на стадионот „Ајброкс парк“ при што загинале 66 навивачи.

1988.- Во Скопје умрел д-р Ремон Рубен, професор на Медициснкиот факултет во Скопје и еден од водечките струшњаци во областа на дерматовенерологијата во Македонија. Тој има голема заслуга за основањето и дејноста на Клиниката за кожни и венерични болести на Скопскиот медицински факултет. Роден е во Скопје, во 1911 година.

1993.- Во Белград умрел Михаило Лалиќ, еден од најголемите современи црногорски прозни писатели и академик. Најпознати негови дела се „Свадба“ и „Лелејска гора“. 

1995.- Поранешниот претседател на Сомалија Мухамед Сијад Баре, кој на власт дошил со пуч во 1969 година и на ист начин бил отстранет во 1991 година, умрел во бегство во Нигерија.

1999.- Умрел Јордан Конев, еден од доајените на македонското новинарство. Роден бил во Штип, на 12 ноември 1931 година.

2004.- Умрел Александра Рипли, американска писателка, која го напишала контраверзното продолжение на легендарниот роман на Маргарет Мичел „Одвеано со виорот“. Рипли е позната по историските романи за американскиот Југ во 19. век. Во 1991 година го напишала романот „Скарлет“, кој е продолжение на романот „Одвеано со виорот“. Таа е автор и на делата „Чарлстон“, „Напуштајќи го Чарлстон“, „Наследството на Њу Орлеанс“ и други. Родена била во 1934 година.

2013.- Умрел Благоја Дојчиновски – Дојо, истакнат стопанственик кој 13 години беше претседател на Управниот одбор на фондацијата „Милениумски крст“ при Македонската православна црква и имал големи заслуги за изградбата на Милениумскиот крст на Водно во 2002 година. 

2016.- На 65-годишна возраст почина пејачката Натали Кол, ќерка на џез легендата Нет Кинг Кол. Таа во 1991 година сними албум „Unforgettable... With Love“, кој е продаден во 14 милиони примероци и освои шест Греми награди. Истоимената песна, виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, беше и најголем хит во нејзината кариера.

 


###

Остани поврзан