На 13 април втор круг претседателски избори во Еквадор
- На вчерашните претседателски избори во Еквадор ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, поради што на 13 април ќе се одржи втор круг

Кито, 10 февруари 2025 (МИА) – На вчерашните претседателски избори во Еквадор ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, поради што на 13 април ќе се одржи втор круг.
Согласно 96 отсто преброени гласови актуелниот претседател на Еквадор, Даниел Нобоа освои 44,3 проценти, додека Луиса Гонзалез – 43,8 отсто од гласовите.
По објавување на резултатите Нобоа го откажа планираниот настан со неговите приврзаници, додека Гонзелес и покрај второто место им се обрати на своите гласачи – „Победивме“.
Гонзалес (47) е член на движењето Граѓанска револуција, на поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа.
Нобоа потекнува од едно од најбогатите семејства во Еквадор, богатство стекнато на извоз на банани. Тој првпат беше избран во 2023 година за да го доврши мандатот на неговиот претходник Гиљермо Ласо, кој поднесе оставка, го распушти Конгресот и предизвика нови избори за да избегне отповикување.
На вчерашните претседателски избори учествуваа вкупно 15 кандидати. ми/
фото: МИА архива