Мјанмар поднесе барање неговата традиционална козметика да биде ставена на листата на УНЕСКО
- Мјанмар поднесе барање неговата традиционална козметика „танака“ да биде ставена на листата на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Нејпидо, 13 февруари 2025 (МИА) - Мјанмар поднесе барање неговата традиционална козметика „танака“ да биде ставена на листата на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
Жените и децата во Мјанмар ја нанесуваат традиционалната природна козметика „танака“, жолтеникаво-бела паста направена од мелена кора од дрво, на образите, носот, челото, вратот, подлактиците и потколениците по утринското туширање, во текот на денот и пред спиење.
Не е вообичаено мажите да ја нанесуваат на своето лице. рп/
Фото: Википедија