Муцунски на министерски состанок за Коридорот 8 во Тирана
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридорот VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридорот VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Муцунски на состанокот учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали.
На состанокот, како што информираат од Министерството, ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментот се операционализираат по должината на Коридорот 8, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание. дма/лв/
Фото: МИА архива