• петок, 05 декември 2025

Муцунски на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска Унија

Муцунски на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска Унија

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе учествува на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска Унија што денеска и утре се одржува во Стразбур. 

Состанокот, како што информираат од МНРиНТ, претставува важна можност за унапредување на политичкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, со фокус на тековниот напредок на земјата во процесот на пристапување.

-На пленарната сесија што ќе се одржи денес, министерот Муцунски ќе се обрати пред присутните, при што ќе ги претстави постигнувањата во реформската агенда на земјата, како и идните чекори во ЕУ-пристапниот процес, соопшти МНР и НТ. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан