• сабота, 21 февруари 2026

Мусети водеше со 2:0 во сетови па му го предаде мечот на Ѓоковиќ, Србинот е трет полуфиналист на АО

Мусети водеше со 2:0 во сетови па му го предаде мечот на Ѓоковиќ, Србинот е трет полуфиналист на АО

Мелбурн, 28 јануари 2026 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен во 2026 година.

Во четвртфиналето на Грен слем турнирот, Србинот утрово се соочи со Италијанецот Лоренцо Мусети, кој го предаде мечот во третиот сет поради повреда на бутниот мускул.

До повредата Мусети водеше со 2:0 (6:4 и 6:3) во сетови, и имаше негатива 1:3 во третиот сет.

Меѓу вториот и третиот сет медицински тајмаут побара и Ѓоковиќ кој имаше проблеми со плускавци на десното на стапалото

Ѓоковиќ го одигра својот 1.400. натпревар во кариерата и ја забележа 1.168-та победа за 13 полуфинале на АО.

Противник на Србинот во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Јаник Синер (Италија) – Бен Шелтон (САД).

Во првото полуфинале ќе се соочат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан