Мурињо гостува во Белгија кај Андерлехт, новиот тренер на Порто ќе се обиде да ја елиминира римската „волчица“ во плеј-офот за Лига Европа
- Фенербахче за противник ќе го има Андерлехт, додека Порто ќе игра против Рома во плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на Европа (ЛЕ), одреди денеска ждрепката во Нион.

Нион, 31 јануари 2025 (МИА) - Фенербахче за противник ќе го има Андерлехт, додека Порто ќе игра против Рома во плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на Европа (ЛЕ), одреди денеска ждрепката во Нион.
Плеј-оф двојки за осминафиналето на Лига Европа:
Твенте - Бодо Глимт
Фенербахче - Андерлехт
Унион СГ - Ајакс
ПАОК - ФЦСБ
АЗ Алкмар - Галатасарај
Митјиланд - Реал Сосиедад
Ференцварош - Викторија Плзен
Порто - Рома.
Првите натпревари од плеј-офот за осминафиналето на ЛЕ на УЕФА се закажани за 13 февруари, а реваншите една недела подоцна. дс
Фото: Архива