• сабота, 21 февруари 2026

Мурињо: Бенфика беше подобра од Јувентус во поголемиот дел од натпреварот

Мурињо: Бенфика беше подобра од Јувентус во поголемиот дел од натпреварот

Торино, 22 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, смета дека неговиот тим не го заслужи поразот (0:2) од Јувентус синоќа во 7. коло од Лигата на шампионите.

- Разликата помеѓу Јувентус и Бенфика е што тие постигнаа гол, а ние не. Во поголемиот дел од натпреварот, Бенфика беше подобра. Доминиравме во одредени периоди, но за жал, пропуштивме шанси. Игравме добро против многу силен противник, со малку опции и многу млади играчи на клупата. Тоа е фудбалот - мора да се прифати исходот, изјави Мурињо по натпреварот во Торино.

Јувентус има 12 бода и е на 15. место на табелата. Бенфика е на 29. позиција со 6 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан