• среда, 25 март 2026

МНТ со „Кец на десетка“ ќе ја отвори манифестацијата „Кичево - Град на културата 2026“

МНТ со „Кец на десетка“ ќе ја отвори манифестацијата „Кичево - Град на културата 2026“

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

-Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика, информираат од МНТ.

Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност, велат оттаму, станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо творештво. сст/дма/

Фото: МНТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан