Мишустин во дводневна посета на Кина
- Премиерот на Русија, Михаил Мишустин денеска ќе го посети кинескиот град Хангжу, каде ќе се сретне со кинески колега Ли Чан
Пекинг, 3 ноември 2025 (МИА) – Премиерот на Русија, Михаил Мишустин денеска ќе го посети кинескиот град Хангжу, каде ќе се сретне со кинески колега Ли Чанг.
Предвидено е Мишустин утре во Пекинг да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во петокот изјави дека Москва придава „големо значење“ на посетата на Мишустин на Кина. ми/
фото: МИА архива