• четврток, 26 декември 2024

Мицотакис: Цивилната заштита и климатската криза треба ги вклучиме како еднаков приоритет во нашите политики

Мицотакис: Цивилната заштита и климатската криза треба ги вклучиме како еднаков приоритет во нашите политики

Атина, 27 септември 2023 (МИА) – Честите напади на климатската криза веќе наметнуваат цивилната заштита и прашањата поврзани со адаптацијата на климатските кризи да ги вклучиме како еднаков приоритет во сите наши политики, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека во оваа насока, наскоро ќе излезат со конкретни најави.

Мицотакис се осврна и на невремето „Илиас“ што денеска кулминира во повеќе делови на земјата, истакнувајќи дека „во погодените подрачја мобилизиран е државниот механизам“, а фокусот е на ситуацијата на Евија.

Дополнително информираше дека „разговорите за финализирање на европската помош напредуваат забрзано“, но истакна дека ќе биде потребно време за обнова на пошироката област на Тесалија, која беше погодена од претходното невреме.ср/сд/

Остани поврзан