Мицкоски: Имаме доволно гориво и струја, можно повлекување мазут од државните резерви
- -Имаме апсолутно доволно количини гориво за потребите на граѓаните и бизнисот. Зголемен е конзумот во одредени погранични области, со Албанија, Косово, Србија и Грција, вкупниот конзум е зголемен за околу 10 отсто. Граѓани од соседите тука точат гориво, зашто кај нас цената е во некои случаи и до половина евроценти за литар пониска. За разлика од минатото кога, како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие што генерираат стабилност и даваат помош. И нафтоводот е во целосна функција, цевката е полна, што претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу шеесетина дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка. И не само со дизел горивата и со бензините безоловни со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од ОКТА, односно од кај нас. Така што од земја која, ќе повторам, коленичеше и молеше, стануваме земја што генерира стабилност во регионот. Се разбира, предизвици има и ќе има. И тие предизвици ние ќе ги решаваме. Но, она коешто е најважно и ни е приоритет е дека како држава имаме најниска цена за горивата за нашите граѓани и бизнисот, истакна премиерот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.